ФОТО: Македонците во Австралија го слават Божик

Македонците кои живеат во Австралија денеска го слават големиот христијански празник Божик. По тој повод, во сите православни храмови на Македонската православна црква (МПЦ) се одржаа свети богослужби, пренесува МИА.

Во храмот „Св. Никола“ во Перт свештеникот Станко Јовановски по богослужбата го прочита божикното послание на архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.

boz1

Празнувањето продолжува во кругот на семејството, со најблиските.

Во Австралија Божик се слави на преку 40 степени, додека температурата во Македонија е под и околу нулата.