Магазин

(ФОТО) Скопјанец ќе биде заштитно лице на нова рекламна кампања на турски гигант

(ФОТО) Скопјанец ќе биде заштитно лице на нова рекламна кампања на турски гигант

Со само 20 години, младиот скопјанец Дан Лимај успеа да го привлече вниманието на маркетинг агенциите кои работат за најголемиот турски гигант.

dan limaj 6

Скопјанецот Рамадан Лимај, познат во Турција под уметничкото име „Дан Лимај“ за кратко време успеа да ги освои срцата на турскиот народ, но и на многу уредници во етаблирани магазини кои не ги штедеа страниците кога го опишуваа нашиот талентиран сограѓанин. Неговата официјална Фејсбук фан страница веќе брои повеќе од 70.000 фанови, а за успесите на овој млад македонски модел говори и фактот дека веќе е во завршни преговори со турски гигант чии производи се достапни и на македонскиот пазар.

dan limaj 10

Според договорот вреден илјадници евра, кој се очекува да биде потпишан оваа есен, Дан Лимај ќе стане заштитно лице на кампањата за новата палета на производи на познат турски гигант. Покрај турскиот гигант, на неговата адреса пристигнале понуди и од други компании од Турција и регионот кои се заинтересирани за соработка со младиот модел, но поради деловната политика, имињата не се откриваат се додека официјално не бидат потпишани договорите.

dan limaj 4

Турската јавност за прв пат Дан Лимај го запознава во 2013-та година кога младиот талентиран скопјанец прави фотосесија со „Vullnet Halili Photography“, а фотографиите завршуваат на престижна изложба во Истанбул. Покрај тоа што професионално се занимава како модел, Лимај е успешен програмер, а своите услуги ги нуди на клиенти од Америка. За следните фото-конкурси Рамадан му ја дава довербата на Насер Исмаили од „AsNas Photography“ кој ќе се погрижи новите фотографии навреме да го пронаоѓаат своето вистинско место.

dan limaj 3

Дан Лимај е роден на 10-ти октомври 1993-та година во Скопје, за себе вели дека е скромно момче кое знае што сака од животот. За славните смета дека треба да стојат цврсто на земја без разлика колку успеале во животот бидејќи тркалото постојано се врти. Како свои омилени спортови ги издвојува пливањето, скијањето и тенисот, а кај девојките најважна му е искреноста. Сака девојки кои зрачат со природна убавина, но и девојки кои имаат добра душа. Како и сите млади, Лимај своето слободно време го троши на интернет, на шетање низ светот и уживање со пријателите.