ФОТО: Македонец на уникатен начин ја запроси девојката

Досега бевме сведоци на многу јавни и интересни запросувања, но не и на вакво креативно запросување.

Една Ана Марија убава и фина прифати да стане стрина на ова прекрасно детенце. Креативниот Македонец ја побарал девојка му преку синот на неговиот брат. На блузата на детенцето пишувало „Чичо ми вика дека си многу убава и фина, затоа те прашувам сакаш ли да ми бидеш стрина?“.

Девојката секако прифатила, а веруваме и дека никој не би можел да каже НЕ на вакво симпатично запросување.

Фото: Bride.mk