ФОТО: Македонија ќе добие ултра модерни возови

Во август следната година треба да пристигне првата од купно шесте патнички железнички гарнитури за кои АД „Македонски железници – транспорт“ потпиша договор со кинеската корпорација „CSR“.

Набавката опфаќа четири дизел и две електро патнички гарнитури кои се со сите современи стандарди и предвидено е во голем дел се подобрат условите за патниците во железничкиот сообраќај. Новите патнички гарнитури се со вкупен капацитет од околу 1.200 патници, односно секоја може да превезе по 200 патници и предвидено е истите да се користат на најфреквентните линии.

interior-6-500

Истите ќе бидат целосно климатизирани, опремени со вакуум тоалети, енергетски ефикасни, ќе ги задоволуваат сите безбедносни стандарди како и стандардите за превоз на лица со ограничена мобилност односно ќе бидат направени согласно техничките стандарди за интероперабилност на Европската Унија.

interior-8-500

Проектот за обновување на возниот парк во железницата кој се спроведува по 35 години претставува инвестиција од 50 милиони евра и освен набавката на патнички гарнитури опфаќа и набавка на 150 товарни вагони и репарирање на десетина постојни локомотиви за патниците во железничкиот транспорт.

interior-9-500

Паралелно со ова, во тек се и неколку проекти за подобрување на железничката инфраструктура, меѓу кои и ремонтот на вкупно 54 километри на три делници од железничката пруга на Коридорот 10, изградба на пруга на делницата Куманово – Бељаковце на Коридор 8, рехабилитацијата и модернизацијата на железничката станица во Скопје, како и надградба и реконструкција на 10 поголеми железнички станици на Коридорот 10, инсталација на опрема за радио диспечер и опрема за автоматска регулација на брзина на возовите.

interior-1-500

eksterior-2-500