ФОТО: Македонија набавува специјален ковчег за транспорт на заразени со ебола

По препорака на Светската здравствена организација Македонија почна постапка за набавка на специјален ковчег за безбеден транспорт на пациенти заразени со смртоносниот вирус на ебола, дознава здравство.мк од извори во министерството за здравство. Тендерската постапка е при крај, а специјалниот ковчег треба да пристигне во земјава најдоцна за 2 месеци.

skafander-1

Цената на еден ваков медицински ковчег се движи од 15.000 до 20.000 евра. Ќе се чува во посебна просторија на Клиниката за инфективни болести.

– Ковчегот е неопходен за добра изолација на веќе заболени пациенти при транспорт од една во друга држава. Со него се спречува ширење на вирусот на ебола, бидејќи кај овие пациенти се јавува обилно крварење и претставува сериозна закана по здравјето на медицинскиот персонал кој е во непосредна близина на болниот, објануваат епидемиолози за zdravstvo24.mk.

Покрај Македонија вакви ковчези одлучиле да набават и многу други европски држави. Ковчезите веќе се користат во афричките земји каде има епидемија на ебола како и во САД. Во ваков ковчег од Либерија во Шпанија беше транспортиран и шпански мисионер Мигел Пахарес , првиот Европеец кој починаа од ебола, но и при транспортот на американските здравствени работници кои беа заразени со вирусот во Африка.

Освен ковчег, исто така според сите процедури на СЗО земјава набавува и околу 1000 заштитни скафандери за еднократна употреба за медицинскиот персонал. Најголем дел од овие скафандери ќе се користат при третман на сомнителни пациенти и тие се бели, а дел ќе бидат жолти изработени од гума кои ќе се употребуваат доколку се потврди дека пациентот има ебола. Заедно со скафандерите се подготвува и тендер за набавка на посебни медицински чижми, наочари, маски, ракавици и друга неопходна опрема за заштита од високо заразни заболувања како што е еболата.

Од министерството за zdravstvo24.mk објаснуваат дека иста ваква опрема за заштита од ебола се користела и при контактот и транспортот на британскиот државјанин на инфективната клиника, и во вторникот за време на симулациската вежба на скопскиот аеродром кога од авион беа евакуирани двајца студенти од Либерија наводно заразени со ебола.

vezba-1-640x376

Слична заштитна медицинска опрема во земјава се користеше и за превенција од птичјиот и т.н свински грип, како и при третманот на пациенти со други заразни заболувања.