Македонија

Мерните станици во длабоко црвено ФОТО: Македонија се гуши во загаден воздух, надлежните молчат

ФОТО: Македонија се гуши во загаден воздух, надлежните молчат

Енормно високо загадување на воздухот во Македонија покажуваат мерните од вчеравечер.

Најзагаден е воздухот во Скопје, особено во Лисиче и кај Ректорат, каде всушност мерните станици за квалитет на воздухот покажаа и најголемо загадување.

Вчеравечер во околу 20 часот во Лисиче се измерени дури 381 микрограми на метар кубен ПМ10 честички, додека кај Ректорат 317 микрограми на метар кубен ПМ10 честички.

Максималната граница, пропишана од Европската Унија за присуство на ПМ10 честички во воздухот е 50 микрограми во период од 24 часа.  Според мерната станица, во Лисиче воздухот е многу загаден веќе осум дена. Не помалку денови воздухот е многу загаден и во останатите скопски населби, но и низ другите градови во земјава.

Во останатите населби загадуванњето е незначително помало.

Во другите градови низ Македонија, мерните станици измериле најголемо загадување на водухот во Куманово, но загадувањето е големо и во Велес и во Битола.

Некои мерни станици, како на пример онаа во Тетово, не работеа вчеравечер.

Засега никој од надлежните во Македонија, ниту централната, ниту пак локалната власт не преземаат никакви превентивни мерки за енормно загадениот воздух во кој се гушат граѓаните.