ФОТО: Македонија со помош за поплавените Србија и БиХ

Македонија испраќа помош за Србија и БиХ со оглед на тешката ситуација во која се наоѓаат овие земји кои се зафатени од големи поплави.

v

 

Првичната помош се состои од чамци, ќебиња, лекови, пумпи за испумпување на вода, агрегати , специјалисти за поплави и медицински персонал.

 

e

Владата на Република Македонија на вчерашната седница одлучи во првата интервентна фаза да бидат испратени 75 специјалисти за поплави од министерствата за внатрешни работи и одбрана и од Дирекцијата за заштита и спасување, 45 пумпи за испумпување на вода, 35 агрегати, девет чамци, 3.000 ќебиња и поширока палета на лекови.

 ФОТО: Курир