Спорт

Фото: Македонски планинари за Илинден го искачија Мон Блан

Фото: Македонски планинари за Илинден го искачија Мон Блан

Македонските планинари, Петар Герасимов,Зоран Успрцов,Зоран Џидров,Александар Србиновски и Јован Мирчески беа дел од Mеѓународната планинарска експедиција која учествуваше во акцијата освојување на покривот на Европа врвот Мон Блан кој е на височина од 4810 метри.

Македонскиот дел од експедицијата, планинарскиот поход го започна 26 јули од Белград,каде што им се придружија и планинарите од ПСД Балкан од Република Србија.

10592476_1454379424848695_681837003_n (1)

Тие организирано заминаа, најпрво кон вториот највисок планински масив во Италија врвот Монте Роса кој се наоѓа на височина од 4.634 метри надморска висина, што претставуваше еден вид аклиматизација и завршни подготовки за искачување на Мон Блан кој се наоѓа на границата помегу Франција и Италија.

Јован,Петар,Александар и двајцата Зорановци од Штип на врвот на Европа се искачија на ден пред најголемиот македонски празник Илинден, поточно во петок на први август во раните утрински часови.

10589843_1454379401515364_1232128602_n

Нашите планинари во Македонија ќе пристигнат во вторник и тогаш очекуваме повеќе детали за тоа какво е чуството од највисокиот врв да ја гледаш Европа на дланка.

Овој предизвикувачки подвиг го огранизираа Планинарско-спортското друштво „Макпетрол“ од Скопје и Планинарското спортско друштво „Балкан“ од Белград.

10569968_1454378554848782_1055130623_n (1)