ФОТО: Македонските фудбалери со нови дресови

Реномираната германска компанија за спортска опрема ЈАКО во следниве две години ќе ги облече сите македонски селекции во официалните натпревари.

Спонзорскиот договор беше потпишан денеска од страна на претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски и претставникот на ЈАКО, Ханс Веркле, кој е експорт менаџер на ова компанија. 

“Со задоволство би сакал да ве информирам дека Фудбалската федерација на Македонија и официјално потпиша спонзорски договор со реномираната германска компанија за спортска опрема ЈАКО. Договорот го опфаќа следниов квалификациски циклус, односно следниве две години.  Опфатени се сите национални селекции кои на официјалните натпревари ќе ја носат ЈАКО спортската опрема. Дресовите кои ќе ги носат македонските фудбалери се специјално изработени за ФФМ,  и ги отсликуваат македонските бои и симболи и новиот бренд идентитет на ФФМ. Станува збор за дресови и спортска опрема изработена од најквалитетни материјали. Добиваме реномиран партнер, квалитетен добавувач на спортска опрема кој ќе даде дополнителна вредност во градењето на визуелниот имиџ на репрезентацијата. Склучивме поволен договор од взаемен интерес, со кој продолжува нашиот напор за осовременување на Фудбалската федерација на Македонија, а самата опрема ќе биде значајна поддршка за националните селекции од сите категории. Новите дресови ќе бидат доспапни и за нашите фанови преку официјалната фан продавница, која наскоро ќе ја промовираме”, изјави претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски.

dres-1

„JAKO веќе 25 години е присутен на спортските терени во Германија, како и во повеќе други земји. Функционираме  под едно мото можеби не сме најголеми, но сме најдобри. Нашите дизајнери направија ексклузивни дресови специјално за Фудбалската федерација на Македонија, кои се од квалитетен материјал кој овозможува телото на дише, и да обезбедатнајдобри услови за фудбалерите при голем напор. Мислам дека создадовме дресови за победници, и дека Фудбалските федерации на македонија ќе имаат одличен успех со нашата спортска опрема“, изјави г. Ханс Веркле, менаџер на ЈАКО.

dres-2

На презентацијата присутни беа и репрезентативците Дарко Глишиќ, Ардиан Цуцули, Кристијан Наумовски и Милка Арсова, кои ги презентираа новите модели на спортска опрема на националните тимови на Македонија. Први кои што ќе ја употребат новата спортска опрема ќе бидат фудбалерите на А репрезентацијата на Македонија, кои што на 8 септември во Валенција играат со Шпанија во првиот натпревар од квалификациите за Европското првенство Франција 2016.

dres-3

dres4