На социјаланата мрежа „Фејсбук“ се појавија фотографии од лидерот на СДСМ Зоран Заев, во друштво на свои сопартијци во кафуле во скопската населба Ѓорче Петров.
Фотографиите покажуваат дека токму во ова кафуле Заев преговара со Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Никола Рилковски, и членот на ДИК од СДСМ, Виолета Дума, кои за денеска имаа закажано седница на која требаше да се разгледуваат т.н. бомби.
Дали добро тргнала забавата или нешто друго е во прашање, нема информација.
Интересно е што за Заев не важи Законот за заштита од пушењето. Во затворена просторија, лидерот на СДСМ си пуши цигари. Исто е и со неговото друштво во кафулето. На фотографијата може да се забележи дека со цигара во рака се и други присутни.
ФОТО: Facebook