ФОТО: Машки труп со заврзани тули на нозете пронајден во Сава

Неидентификуван машки труп бил пронајден во реката Сава, на неколку стотина метри од мостот во Остружница.

На нозете со коноп му биле заврзани две бетонски тули, а на главата во висина на очите била замотана и селотејп трака.

Телото е однесено на Институтот за судска медицина, каде со обдукција ќе биде утврден идентитетот и причината за смртта.