Фото: Мавровска белина

Интензивни снежни врнежи во моментов се регистрираат во речи си целиот регион на западна Македонија.

Утринава најинтензивни врнежи беа забележани на Попова Шапка и Маврово. Во 7 часот утринава снежната покривка во Маврови Анови изнесува 66 сантиметри, а снежните врнежи се уште интензивно паѓаат.

Лавина од снег, камења и земја утрово во 9:40 часот се срушила на коловозот на регионалниот патен правец Дебар-Маврови Анови, во близина на Бигорскиот манастир.

Од СВР Тетово информираат дека сообраќајот е во прекин, а во меѓувреме повикани се екипи на „Македонија пат“ да го расчистат наносот.

mavrovo2-500

mavrovo3-500

mavrovo-500