ФОТО: Меган Фокс во бикини ги привлече сите погледи на плажа

28-годишната убавица Меган Фокс е мајка на два сина, но нејзиното тело во костим за капење изгледа фантастично. Таа со нејзиниот сопруг, 41-годишниот Рајан Остин Грин одмарала во топли предели.

На плажите на Хаваи било особено топло овие денови. Меган Фокс дополнително ја загреала плажата појавувајќи се во секси бикини.

megan1

Во дводелниот костим за капење, таа уживала во убавите денови во друштво на нејзиниот сопруг Брајан.

Многу жени ѝ позавиделе на затегнатите нозе и стомачните мускули, а нејзиниот сопруг бил особено горд на нејзината тетоважа, која сега дошла до израз.

megan2

Имено, веднаш над долниот дел од костимот за капење на оваа убавица, може да се видат стилизирано истетовирани буквите од името на нејзиниот сопруг.

Меган и Брајан имаат два сина, двогодишниот Ноу Шенон и Боди Ренсом, кој има 11 месеци.