ФОТО: Мини порше за миленицата на тато Каније

Со право се вели дека крушката под крушка паѓа.

Уште пред да прооди, малата Норт Вест го доби својот прв љубимец на четири тркала, се разбира, направен по нарачка.

Ким Кардашијан и Каније Вест на својота шестмесечна ќерка  на купот скапи и луксузни подароци додадоа уште еден екстра-фенси подарок, мини „ламборџини“ исто како на тато.

„Каков татко, таква ќерка“, напиша 33-годишната старлета Ким Кардашијан на фотографијата која ја сподели на социјалните мрежи од двата луксузни автомобили, едниот во оргинална, а другиот во мини верзија.

Но, тоа не е се’, шестмесечната Норт ужива статус на ѕвезда приватни авиони, скапа гардероба, забави и подароци од уште поголеми ѕвезди.

Па, останува да се прашаме, ако на шест месици тато и мама Кимје и подарија „ламборџини“, што ќе и подарат за 18-ти роденден?