Фото: Министерот Јолевски и генералот Котески го посетија тактичко-техничкиот збор на Воениот стадион

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски и началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, генерал-потполковник Горанчо Котески, ја посетија изложбата на борбени средства, техника и опрема, поставена на Воениот стадион во Скопје.

DSC_0024--

„Тактичко-техничкиот збор е дел од активностите по повод Денот на АРМ, кој има цел да ги запознае граѓаните со средствата кои се во Армијата и се надеваме дека со вакви дружења ќе внесеме уште повеќе љубов на граѓаните на Република Македонија кон својата Армија“, истакна министерот Јолевски во оваа пригода.

DSC_0047--

Генералот Котески, пак, информираше дека оваа изложба е само дел од активностите кои се организираат по повод денот на АРМ и дека на изложбата граѓаните подетално ќе можат да се запознаат со борбените средства од одредени родови и служби, како оклопните единици, специјалните единици, логистиката и слично.

DSC_0903--

На новинарско прашање поврзано со статусот на опремата со која располагала АРМ и моменталната состојба, министерот Јолевски посочи дека денес, во споредба со состојбата на Армијата од пред две, па и една декада, направен е голем напредок. Ние, додаде министерот, мораме да продолжиме и понатаму да ја зајакнуваме АРМ и да обезбедуваме што е можно посовремена опрема со цел заштита на територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија, односно АРМ да остане да биде гарант на мирот во Македонија. Дополнително, министерот Јолевски рече дека Македонија продолжува да биде дел од меѓународните мировни мисии и дека освен на НАТО, ние ќе се фокусираме и на идните мисии на Обединетите Нации.

DSC_0946--

Воедно, на прашањето поврзано со ребалансот на буџетот за оваа година, и импликациите врз Армијата, министерот Јолевски истакна дека во соработка со Генералштабот, изготвена е програма со која нема да има посериозни промени во зацртаните планови на Министерството и на Армијата.

DSC_1006--

DSC_1037--