ФОТО: Мистериозни кругови се појавија во Јадранско море

Круговите во жито веќе одамна не се никаква новост, но сега се појавија кругови во море – и тоа во Јадранско!

Не се знае како настанале овие 28 кругови долж брегот на Долгиот остров во Хрватска, ниту зошто.

„Круговите се еднакво оддалечени од брегот, еднакво оддалечени еден од друг на растојание од 300 метри, и сите се со пречник од 50 метри. Тоа е интересно…Прво мислевме дека е грешка на снимките, но нуркавме и увидовме дека круговите се совршени“, вели биологот Мосор Прван.

Кој, како, што, зошто – се само некои од прашањата, кои засега се вртат во круг.

2

„Прво мислевме дека можеби е војската, можеби некој ловел со динамит, или пак дека станува збор за нафтени истражувања, но во разговорите со колегите, кои се занимават со експлозив дознавме дека толку совршени кругови не може да настанат од динамит, особено, со пречник од 50 метри, повеќе од 20 метри под површината“, додал Прван.

За случајот било разговарано и во Институтот за геофизика во Загреб, каде на крај се утврдило дека круговите не се настанати ниту од нафтени истражувања, бидејќи нивната методологија не оди хоризонтално, туку вертикално крај брегот. Се очекуваат научни истражувања на мистериозните кругови, кои најверојатно ќе дадат одговори на бројните прашања.