ФОТО: Младиот Македонец кој освојува светски врвови

Дваесетгодишниот Тоше Велев го освои врвот Цумштајн кој е на надморска висина од 4.564 метри и се наоѓа на Апенинските алпи на границата меѓу Швајцарија и Италија.

На враќање Тоше совладал уште еден европски врв – Триглав во Словенија, кој е на надморска висина од 2.864 метри.

Иако е многу млад, Тоше може да се пофали дека досега ги има освоено врвовите Мон Блан (4.807 метри), Гран Парадизо (4.061 метри), Елбрус (5.642 метри) и многу други.

Во наредниот период негова желба е знамињата на Република Македонија и Општина Велес да ги постави и на врвот на Хималаите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.