Фото: Мочуриште среде Карпош

На местото на некогашната фабрика „Алумина“ по поројните дождови изминативе денови се појави мочуриште.

Фабриката „Алумина“ пред неколку години започна да се руши, а на нејзиното место беше најавувано дека ќе се изгради голем трговски центар.

Според најавите во 2010 година, на оваа локација требаше да инвестира израелскиот гигант „Газит Глоуб“.

„G-mall” беше името на трговскиот центар кој требаше да почне да се гради во 2011 година, на 90 илјади метри квадратни каде беше предвиден и простор за изнајмување и паркинг простор.

Проектот беше вреден 80 милиони евра, а шопинг центарот требаше да се изгради на местото на некогашната фабрика „Алумина“ во населбата Тафталиџе 1, а се очекуваше истиот да биде завршен во 2013 година.

Но, еве како денеска изгледа оваа локација:

10609602_727005754001907_1539380703616262715_n

711539_727017807334035_1163499942_n