ФОТО: Модел на џинс што стана вистински тренд на улиците на светските метрополи

Поради кул нотата што овој џинс ја поседува, ниту една дама што ја следи модата не успеа да му одолее!

farki-3

Во февруари годинава на Мерцедес Бенц модната недела во Киев најмногу внимание привлече модниот бренд Ксенија Шнајдер зад кого стојат модната дизајнерка Ксенија Марченко и графичкиот дизајнер Антон Шнајдер.

farki-2

Оваа двојка подолго време е позната по пикселизираните графики и користењето традиционални украински мотиви како што е пејсажот, а во новата колекција за есен/зима се фокусираа на џинсот.

farki-1

Водени од естетиката на деконструкцијата на која што почиваат голем број силни брендови, од кои што моментално најпопуларен е францускиот Ветементс, тие претставија занимлив модел фармерки за кој полудеа сите трендсетерки.

farki-4