ФОТО – Момче од Нови Пазар: Од првенец на генерација до вахабист кој војува со Сирија

Мирза Ганиќ има 19 години и е од Нови Пазар. Тој  бил првенец на генерација и послушно дете, но направил нешто кое никој не го очекувал. Момчето заминало во Сирија за да војува, па сега дури и семејството си го смета за непријател.

Мајката на момчето Шадија живее во селото Горно Себечево.

„Вие ништо не сфаќате. Тој повеќе не постои. Грабнат е. Тие луѓе кои го направија тоа се опасни за него, а и за мене нема повеќе живот. Полицијата ништо не направи, а мојот син го нема. Тие луѓе го грабнаа. Не смеам од нив повеќе да кажам ниту збор. Се плашам за себе и за другиот син“,  им рекла Шадија на новинарите од Блиц.

Приказната за него полека ја отплеткуваат другите членови од семејството.

„ Патот го спремаше година дена. На мајка си, татко си и на мене ни велеше дека ќе оди во Каиро каде наводно ќе студира математика. Сите не’  излажа. Тоа утро кога замина, ги спакува работите во торбица. Една маица, фармерки и резервни патики. Утрото во пет ги разбуди мајка си и татко си, ги бакна и им рече дека заминува. Се јави неколку дена подоцна од турска граница и рече дека оди во џихад. Сите бевме шокирани“, раскажува некоиот чичко Џемаил.

 

Неговото семејство раскажува дека последен пат телефонски се јавил  пред два месеци. Му рекле  дека не знае што прави, дека греши.

„Ни рече дека сега сите ние сме му непријатели, и мајка му и јас. Само затоа што се противиме на неговата идеја. Рече дека тој ја сака светата војна и дека му е чест за загине за тоа. Тогаш го прекина разговорот и повеќе не сме се слушнале“, велат неговите за Блиц.

„Него го регрутираа во џамијата во Нови Пазар. Мирза и уште двајца кои се од Босна. Нешто им всадија во глава и тој полуде. Чув дека таму некоја агенција која ги испраќа во Сирија. Никој до нив не може да дојде, дури ни полицијата. Пристап до тоа имаат само мал круг на луѓе, верници од џамијата. Преку исламот на Мирза му влегоа во глава и како да го дрогираа “, вели чичото и почнува да плаче.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.