ФОТО: Момче и девојка загинаа во сообраќајка, ги венчале за време на погребот

Семејствата на загинатите 17-годишната Инес Тадиќ и 18-годишниот Денис Џани кои во петокот ги загубија животите во страшна сообраќајна несреќа во Хрватска во текот на вчерашниот ден беа погребани заедно.

-Беа многу заљубени, не се разделуваа еден од друг, но за жал заедно отидоа и во смрт. Одлучивме засекогаш да останат заедно и ги закопавме во ист гроб, изјавиле членовите на семејствата Џани и Тадиќ.

Болни лелеци на родителите, роднините и пријателите на Инес и Денис одекнуваа на градските гробишта во Окучани. Пред да ги спуштат во нивното вечно почивалиште, ковчезите беа прекриени со бели цветови на кои имаше и две златни бурми поврзани меѓу себе. Ги венчаа во гробот, пишува 24 сата.