Балкан

ФОТО: Момчињата кои загинаа во тешката сообраќајка кај Белград

ФОТО: Момчињата кои загинаа во тешката сообраќајка кај Белград

Пет 19 – годишни момчиња загинаа во тешка сообраќајна несреќа која се случила вчера во Белград. Автомобилот „ауди 3“ се движел со бризина од 220 километри на час, при што удрил во бетонскиот дел од обиколницата, кој е затворен за сообраќај.

nesreka

Брзото возење заврши кобно за Лука Бојовиќ, Петар Илиќ, Томислав Савиќ, Ѓуро Роковиќ, додека идентитетот на едно од момчињата сеуште не е утврден.

Како што пренесуваат дел од српските медиуми момчињата jа заобиколиле бариерата за забрана за поминување на автомобили, по што удриле во бетонската ограда.

nesreka1

– Тие биле на роденден во Белград, по што се упатиле кон Нови Сад. Со автомобилот го заобиколиле недовршениот пат, кој сеуште не бил асфалтиран и со огромна брзина удриле во бетонскиот дел. Зошто возеле баш по недовршениот дел од патот не е познато, но изгледа за тоа одлучил алкохолот, изјавил за српскиот портал „Ало“ извор близок до истрагата, која сеуште е во тек.