ФОТО: Мотоциклист повреден во сообраќајка во Тафталиџе

Во сообраќајна несреќа што се случи околу 14.00 часот кај трговскиот центар „Олимпико„ во Тафталиџе, тешко повреден е мотоциклист, пишува „Република“.

Според првичните информации, две лица на мотоцикли се обиделе да избегнат пешак. Едниот од нив успеал да го избегне пешакот, додека вториот во обид да го избегне пешакот удрил во тротоар и летал триесетина метри.

Очевидци тврдат дека пешакот не поминувал на пешачки премин. На местото на настанот веднаш пристигнала брза помош, а во тек е увид на полицијата.
olimp2-500