ФОТО: Мртов маж изваден од Вардар

Маж на возраст меѓу 50 и 60 години попладнево е изваден мртов од водите на Вардар, пишува Пресс24.

Според порталот Ромите кои живеат на кејот на Вардар кај пешачкиот мост го забележале телото на мажот. Се обиделе да го спасат, но до него стигнале дури кај хотел Русија, кога успеале и да го извадат.

Тие велат дека човекот најверојатно бил веќе мртов. Увидот е во тек.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.