Балкан

ФОТО: Мртва мечка на тротоар во Подгорица

ФОТО: Мртва мечка на тротоар во Подгорица

Пред ресторанот „Ловец“ во Подгорица било забележано безживотно тело на мртва мечка. Телото кратко време стоело на тротоарот, а потоа префрлено во багажник на автомобил „голф 2“, јавува РТЦГ.

Претседателот на ловечкиот сојуз на Црна Гора, Нилоа Марковиќ ги демантираше гласините дека мечката некој ја застрелал бидејќи ова животно е заштитено со закон.

– Тоа е невозможно, мечката е строго заштитена. Можеби постои некоја друга вонредна причина, ниту еден ловец не би ни помисли тоа да го направи, вели тој.

Тој смета дека  можеби некој ја има мечката застрелано во самоодбрана, но нагласува дека ваков случај во Црна Гора досега немало.

Инаку мечките се загрозен вид во Европа, на кои им се заканува изумирање. Поради тоа се усвоени меѓународни документи кои ги штитат мечките, а на кои и Црна Гора е потписник.

фото: rtcg.me