ВНИМАВАЈТЕ: На детето му купиле сандали, а по половина час настанал пекол

Лиса Конор на својата двегодишна ќерка и купила гумени сандали, а по само отприлика дваесетина минути девојченцето се здобило со сериозни рани.

-И купив сандали кои чинат 8 фунти, а откако одеше со нив само половина час доби ужасни рани. Не можев да поверувам. Не ги носеше со часови, туку само низ дворот за на крај да дојде кај мене со солзи на лицето, раскажува Лиса.

1

Како што наведува мајката, девојчето не можело со денови да застане на нозе по сите тие повреди. Како што вели, и биле потребни неколку часа за да го смири своето дете кое плачело од болка.

2

Од Next, каде се купени сандалите упатиле извинување до родителите и истакнале дека добро ќе го истражат овој случај, бидејќи ова е прва рекламација од ваков тип за детски сандали.