Балкан

ФОТО: На Хрватска и се закануваат поплави

ФОТО: На Хрватска и се закануваат поплави

Ризикот од поплави во Хрватска продолжува, во вторник се очекува воден бран од Словенија кој и се заканува на општина Јасеновац, како и домови во Велика Горица.

Армијата е на терен, им помага на граѓаните да се заштитат. Од браната Требеж се испушта вода.

 

Во општините Јасеновац, Лекеник, Краљева Велика и Лоповљани вчера е прогласена вонредна состојба поради опасноста од поплави, а евакуацијата е планирана за жителите на подрачјето на Требеж, Плесма и Краљева Велика.

Foto: Beta

Водениот бран преку Сава се спушта кон Јасеновац, каде, како што се очекува, ќе се судри до водите на реката Уна, така што дел од куќите на тоа подрачје би можеле да бидат евакуирани уште утре изутрина.