ФОТО: На Идомени фатен мигрант како силувал 7-годишно девојче

Мигрант бил фатен на дело додека се обидувал да силува 7-годишно девојче. Мигрантите кои живеат во импровизираниот камп Идомени, го зедоа законот во свои раце, откако го фатија осомничениот.

На фотографиите од грчко-македонската граница се гледа како група мигранти насилно водат маж, облечен во џемпер и маскирни панталони.

idomeni-pedofil-2

Фотографот не успеа да потврди дали девојчето кое се гледа зад уапсениот педофил, е неговата жртва.

Мигрантите не го линчувале мажот. Наместо тоа, тие го предале на властите, кои ќе ги истражат обвинувањата.

idomeni-pedofil-1

Во моментов во Грција се блокирани околу 46.000 мигранти, откако неколку балкански земји ги затворија своите граници. Од нив околу 14.000 се наоѓаат во кампот  Идомени.