ФОТО: На Крим пристигаат руски војници

Руска воена колона со околу 15.000 војници  тргнала од базата на руската Церноморска флота во Севастопољ кон престолнината на Крим, Симферопољ.

Во колоната се 12 воени камиони со војници, еден високопрооден автомобил „Тигар“, вооружен со митралез и две возила за брза помош.

Руски воени претставници ги одзеле оружјата од украинскиот Центар за военопоморска обука во близина на Севастопољ и од радарската база крај градот Судак, пренесоа британските медиуми, повикувајќи се на украинското Министерство за одбрана.

Тие ги повикале украинските војници да преминат на страната на „легитимните“ власти во Крим, забележуваат руските агенции.

Според сегашниот премиер на Украина Арсениј Јацењук, воената интервенција ќе биде на почеток на војна и крај на сите односи меѓу Украина и Русија. Тој побара од својот колега Дмитриј Медведев да ги врати своите војници во базата на Крим.