ФОТО: На оваа девојка и е посветена песната „Македонка“ на Фламингоси

Песната „Македонка“, новата песна на српското дуо „Фламингоси“, е посветена на Даниела Димитровска, српска манекенка која е родена во Македонија. Таа е сопруга на Огњен Амиџиќ од „Фламингоси“ и мајка на неговиот едногодишен син Матија.

Како што за српските медиуми откри Амиџиќ, ова е песна посветена на девојката што му го промени животот.

Покрај оваа песна, тој на Даниела и ја има посветено и песната „Данијела то зна“ во 2011 година.

flam2

„Македонка“ е најава за новиот албум на „Фламингоси“. Музиката ја направија токму двајцата колеги од дуото, Огњен Амиџиќ и Маринко Маџгаљ, додека за аранжманот беше задолжен Марко Кон.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.