ФОТО: На протестот од 300 до 500 лица, искршена канцеларијата на Иванов

Меѓу 300 и 500 лица попладнево излегоа да демонстрираат против одлуката која денеска ја донесе претседателот Ѓорѓе Иванов – аболиција на сите оние против кои се водат постапки кои произлегуваат од нелегалното прислушување.

Јајца, искршени прозори, демолирана канцеларијата на шефот на државата Ѓорге Иванов на Рекорд.

protest-1

Групата демонстранти, меѓу кои можеше да се забележат и хулигани со јајца ја нападнаа и демолираа народната канцеларија на претседателот Иванов која беше под силно полициско обезбедување.

protest-3

Дел од медиумите веќе објавија дека за вечерва се најавува голем масовен протест од незадоволни граѓани кои изреволтирани од одлуката за помилување на Зоран Заев и Зоран Верушевски.

protest-4

Од ВМРО-ДПМНЕ се децидни дека тие што ја предизвикаа политичката криза преку интриги, подземни сценарија, деструктивно однесување кое е спротивно на интересите на народот и државата треба и мора да одговараат.

-Ставот на ВМРО ДПМНЕ кон сето ова што се случува во државата е јасен, не може да не одговараат луѓето кои повеќе од година и пол ја држеа Македонија во заложништво, ги кршеа законите, ги уриваа институциите на државата и го закрвуваа народот. ВМРО ДПМНЕ со фрапираност и неверување ја проследи прес конференцијата на Претседателот Ѓорге Иванов, изјавија од владејачката партија.