Фото: На Шеќеринска и Заев не им пречи да слават роденден на „Дајнерс“ во новиот МНТ

Иако опозицијата постојано излегува во јавноста со низа критики за проектот Скопје 2014, сепак заменик претседателката ан СДСМ и нејзиниот сопруг немаа против 20-тиот роденден на „Дајнерс“ да го прослават во новиот МНТ, кој е дел од проектот кој опозицијата толку многу го критикува. Меѓу присутните беше и првиот човек на СДСМ, Зоран Заев.

На синиот тепих во новиот МНТ покрај извршниот директор Божидар Јанковски, кој инаку е сопруг на за­ме­ник-лидерката на СДСМ Радмила Шеќеринска, се појавија и мно­гу гости од политиката, бизнисот, банкарството и од естрадата како аме­ри­кан­ски­от амбасадор Пол Волерс, хрватскиот Златко Крамариќ, срп­ска­та амбасадорка Душанка Дивјак – Томиќ, лидерот на опозицискиот СДСМ Зо­ран Заев, поранешниот градоначалник на Центар Владимир Тодоровиќ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.