ФОТО: На забава на Заев се пуши цигари и се точи алкохол на малолетници

Викендот во струмичкиот клуб ,,Платинум” се одржала забава на Младински Совет – Струмица под наслов, според плакатите и евентот на социјалните мрежи, „Одиме јако, една карта-една пијачка”.

paltinum-1-500

На забавата, според објавените фотографии на фан-странта на клубот, се гледа како се прекршува законот во неколку случаи и тоа како во затворен објект се пуши цигари, присуство на најверојатно малолетни лица и консумирање на алкохол од страна на тие лица, објави Курир.

platinum-2-500

Дел од фотографиите по извесно време биле отстренети од фан странта на клубот или корегирани во фотошоп.  Од фотографиите на забавата се гледа дека се присутни претседателот на СДСМ, Зоран Заев, советникот и претседател на СДММ во Струмица Коста Костадинов, раководство на СДММ, советници на СДСМ и вработени во Општина Струмица.

plat

Младински Совет – Струмица е организација која се финансира од буџетот на општина Струмица, а нејзин основач и претседател на Собрание е Зоран Заев.