ФОТО: Нацистичкото дувло ќе прерасне во луксузен хотел

Големиот објект, планиран од нацистичкиот лидер Адолф Хитлер за одморалиште за неговите војници ќе прерасне во луксузен хотел на брегот на Балтичкото Море.

Објектот „Прора“ е изграден во перидот од 1936 до 1939 година и е поранешно нацистичко недовршено одморлиште. Планот е овој огромен објект, кој никогаш не ги примил своите гости, да прерасне во елитен хотел, сместен на островот Рига, на долга и песочна плажа.

Хитлер комплексот го замислил  како луксузно одморалиште со капацитет од 20.000 гости, дел од нацистичкиот проект „Сила преку радост“ која имала за цел да им обезбеди на германските работници рекреативни содржини преку кои истовремено би се ширела нацистичката пропаганда.

Прора се наоѓа на 150 метри од големата плажа помеѓу регионот Сасник и Бинц, а целиот комплекс е долг речиси пет  километри. За време на изградбата пред војната во конструкцијата биле вклучени сите поголеми градежни компании на Рајхот, со околу 9.000 работници.

Од почетокот на Втората светска војна, градежните работници биле префрлени во фабриките за оружје, а изградбата на хотелот била прекината. Во осумте хотелски објекти и започнатиот театар и кино сала останале само ѕидовите.

Базени, сауни, теретани, приватни терасе и градни и сите останти елементи кои се дел од луксузните ресорти се планирани во обновата на ова нацистичко дувло, кое наскоро ќе биде место за одмор на душата и телото.

Според планираното, апартманите треба да биде готови со средината на 2015 година.

Инвеститорите планираат да го избришат нацистичкото минато од овој мегаломански објект и да го претворат во посакувана туристичка дестинација.