ФОТО: Наградени најубаво украсените објекти

Градоначалникот Коце Трајановски, денеска во салата за состаноци на Кабинетот, свечено им ги врачи признанијата на годинешните добитници на наградите во четирите категории од манифестација „Новогодишни  бои на Скопје 2014“.

-Во пресрет на Новогодишните и Божикните празници Градот Скопје и годинава, традиционално, ја организира познатата манифестација „Новогодишните бои на Скопје“ – манифестација со која ги поттикнуваме нашите сограѓани да ги украсат своите домови и работни простории со новогодишни декорации, да придонесат за разубавување на градот и да го дополнат празничниот амбиент, истакна Трајановски.

koce1

За да се обезбеди максимална транспарентност при изборот на најубаво новогодишно украсените објекти во градот, пријавените објекти ги посети жири-комисија составена од претставници на медиумите и ги избра победниците.

За најубаво украсена семејна куќа, од дванаесет пријавени е избрана куќата на Богољуб Симовски во населбата Ѓорче Петров.

kuka

Комисијата за најубаво украсена тераса, од пријавени шест, ја прогласи терасата на семејството Игњатовски на улица Жданец, број 16 А, во населба Жданец.

terasa

Од пријавените четири угостителски објекти, тричлената комисија, годинава за најубаво украсен објект го прогласи  кафулето „DEJA VU “ во Аеродром.

kafic

За најубаво украсен двор на Средно училиште, во конкуренција од  пет пријавени, комисијата  го избра дворот на СУГС „Владо Тасевски“.

sredno

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски упати благодарност до ЕВН Македонија за повеќегодишната поддршка и учество во оваа градска манифестација и да им додели  благодарница.

Игор Гиевски, од Бордот на директори на ЕВН, истакна дека неговата  компанија  веќе четврта година учествува и ја поддржува  манифестацијата и нагласи дека и во иднина ќе ја поддржуваат оваа Манифестација, која  од  година во година станува се помасовно прифатена од граѓаните на Скопје.

Градоначалникот Трајановски на наградените во првите три категории им додели по 10.000 денари, а ЕВН Македонија наградените во сите категории еднократно ќе ги ослободи од плаќање на сметката за потрошена електрична енергија, за месец декември 2014 години.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.