Магазин

ФОТО: Најглупиот нарко дилер на сите времиња

ФОТО: Најглупиот нарко дилер на сите времиња

Педесетгодишниот Џон Балмер од Флорида е уапсен поради поседување наркотици. Оваа вест и не би била толку интересна доколку тој во моментот на апсењето не носел маичка на која пишувало “Кому му треба дрога? Не сериозно, јас имам дрога“.

Балмер бил приведен кога се обидел да подаде вреќичка со дрога на лице кое стоело во редот пред него во една продавница.

Тоа лице ја известило полицијата за тоа, а тие го претресле Балмер и кај него нашле марихуана и метамфетамин.

Американецот потоа е приведен и обвинет за поседување дрога.