Свет

ФОТО: Најголемите градежни промашувања во светот

ФОТО: Најголемите градежни промашувања во светот

Своевремено најавувани како архитектонски чуда, најголемите градежни промашувања во светот сега се само ништо повеќе од пропаднати чуда. Највпечатлив е хотелот Ryungyong, но тој не е и единствениот пример на промашен колосален градежен проект во светот.

Ако најдоброто прикажување на историјата на развојот на човековата цивилизација е содржан токму во градежните изданија, односно објекти кои опстојале и до денеска, тогаш и историјата на пропаднатите градежни проекти воедно е прикажување на цивилизацскиот неуспех. Тие промашувања се последица на различни фактори – од мегаломаснки идеи, преку лоши финансиски проценки, па до промени на општествени околности.

Хотелот „Ryungyong“, Пјонгјанг, Северна Кореја

Чудовишниот хотел во центарот на престолнината на најизолираната земја во светот, се гради уште од 1987 година и сеуште не е завршен. Има вкупно 105 ката, 7.600 соби, а на неговата изградба се потрошени дури 2 отсто од Бруто-домашниот производ на Северна Кореја.

hotel

Мостот „Олимпијка“, Полска

Мостот на трасата Олимпијка – автопат, кој трбеал да ги поврзе Берлин и Москва, никогаш не е завршен, а планираниот датум за пуштање во употреба бил денот на отворањето на Олимписките игри во Москва во сега веќе далечната 1980 година.

most olimpijka1

Szkieleteor“, Краков, Полска

Именуван според негативецот од популарната анимирана серија Хи Мен, овој недовршен облакодер е највисокиот градежен објект во Полска. Неговата изградба е сопрена уште во 1981 година.

2Szkieleteor Krakov Polska

Забавниот парк „WonderLand“, Пекинг, Кина

Изградбата на најголемиот забавен парк во Азија запрела уште во 1998 година, поради спор за цената за откуп на земјиштето. Во 2008 година, инвеститорите направиле обид за заѓивување на проектот, но се’ завршило неуспешно.

3wonderlend kina

Deutsches Stadion, Нирнберг, Германија

Главниот нацистички архитект, замислил да изгради во Нирнберг национален стадион со капацитет од 400.000 гледачи. Проектот бил запрен поради почетокот на Втората светска војна, и никогаш потоа не продолжила неговата изградба.

4Deutsches Stadion Nürnberg
Метрото во Синсинати, САД

Тунел долг околу 3,5 километри и три постојки и денеска стојат под земјата на американскиот град Синсинати. Никогаш воз не поминал, а сега метрото служи само како туристичка атракција.

5metro sinsinati

Нуклеарната електрана „Zwentendorf, Австрија

Австријците потрошиле околу една милијарда евра на изградбата на оваа нуклеарна електрана, за потоа на референдум да одлучат дека не сакаат такви објекти во својата земја.

6Nuklearna elektrana Zwentendorf
Пристаништето „Acu, Сао Жоао де Бара, Бразил

Ајке Батиста бил најбогатиот Бразилец и одлучил да изгради колосално пристаниште во јужниот дел на земјата. Оттогаш изгубил околу 20 милијарди американски долари, а пристаниптето никогаш не го завршил.

7Pristaniste Acu São João da Barra
Објектот „Super Power Building, Клиарвотер, Флорида, САД

Седиштето на Сиентолошката црква денеска е во функциија, но сепак без првично планираната 15-катна кула со голем бакарен крст на нејзиниот врв. Забраната за реализација на проектот дошла од локалните власти.

8Super Power Building

Акцелераторот „Superconducting Super Collider, Тексас, САД

 

Пред изградбата на европскиот ЦЕРН во Швајцарија, Американците планирале градење на сопствен акцелератор. По цели шест години градежни активности и потрошени околу две милијарди долари, проектот бил откажан поради недостаток на пари.

9Superconducting Super Collide

Фабриката „Packard, Детроит, САД

Некогаш најголемата фабрика во светот, која зафаќала површина од фантастични 325.000 метри квадратни, пропаднала по неуспешното деловно спојување меѓу „Packarda“ и „Studebaker“, производители на автомобили.

10DetroitPackard
Градот „Nova Cidade de Kilamba, Луанда, Ангола

Град со капацитет од околу 500.000 жители, но со години зјае празен. Во неговата изградба се вложени околу 3,5 милијарди американски долари, но останал ненаселен бидејќи становите биле прескапи за населението.

11Cidade de Kilamba Luanda

Трговскиот центар „New South China Mall, Донгуан, Кина

Најголемиот трговски центар во светот е празен од своето отворање. Целосно е завршен, но за жал не функционира. Од 2.350 продавници, изнајмени се и работато само 47. Неговиот проблем е во изолираната локација, до која неможе да се дојде пеш.

12New South China Mall Dongguan
Dubai World, Дубаи

Дубајските шеици одлучија да изградат вептачки архипелаг во обил на Светот. Но, ги изненади глобалната финансиска и економска криза од пред неколку години, а тоа доведе до пропаѓање на светскиот пазар на недвижности.

13Dubai World Dubai