ФОТО: Најголемите трендсетерки меѓу познатите мајки

Miranda Kerr and son Flynn are all smiles as they leave their NYC apartment

Тие се успешни жени, мајки и модни икони. Совршено смело балансираат помеѓу професионалните и приватните обврски, а модата ја доживуваат како игра која им овозможува да ја изразат својата личност и да се истакнат во својата бранша.

Меѓутоа, додека едните се држат до класичниот „лајт“ стил, други ниту за секојдневни прилики не излегуваат без потпетици.

Викторија Бекам

Поранешната членка на Spice Girls и мајка на четири деца постојано е дотерана и средена. Нејзиниот омилен детал се високите потпетици и женствените комбинации кои ја откриваат нејзината витка линија.

Џесика Алба

Познатата актерка со полно право ја носи титулата една од најдобро облечени познати мајки. Таа има одличен вкус и лежерен пристап кон модата.

Сара Џесика Паркер

Оваа модна икона безброј пати на црвениот тепих докажа дека е една од најстилизираните жени на холивудската естрада. Мајката на три деца приватно се држи до секојдневните парчиња облека збогатена со оригинални детали.

Бијонсе

Славната поп дива за своите настапи ангажира само најголеми светски дизајнери, од кои не се откажува ни во секојдневните комбинации. Оваа позната мајка сака да биде стилизирана и во опуштена прошетка со нејзината ќеркичка.

Жизел Бундшен

Познатата манекенка и мајка на две деца во јавноста може да ја видиме едноставно дотерана. Жизел сака шик стил кој го украсува со откачени шапки.

Миранда Кер

Преубавата Миранда Кер со причина се најде на оваа листа. Познатата мајка преферира елегантен стил и не се откажува од него ниту при секојдневните обврски.

Анџелина Џоли

Анџелина е успешна актерка и сценаристка и во неколку наврати од страна на медиумите е прогласена за најубава жена на светот. Во секојдневните комбинации, оваа мајка пред се е облечена едноставно и практично. Таа исклучиво носи удобна облека бидејќи постојано е во движење.