ФОТО: Најмалку 11 лица загинаа во силниот земјотрес во Тајван

Во силниот земјотрес што синоќа го погоди јужниот дел на Тајван, загинаа најмалку 11, меѓу кои едно бебе и едно дете, соопштија локалните власти, пренесе МИА.

Најмалку 11 лица загинаа во силниот земјотрес во Тајван
Најмалку 11 лица загинаа во силниот земјотрес во Тајван

Се уште се трага по 30-тина лица, за кои се претпоставува дека се наоѓаат под урнатините. Околу 800 војници, заедно со припадниците на спасувачките екипи и кучиња трагаат по преживеаните.

Најмалку 11 лица загинаа во силниот земјотрес во Тајван
Најмалку 11 лица загинаа во силниот земјотрес во Тајван

Земјотресот предизвика уривање на најмалкуи четири згради, од кои една од 17 катови. Околу 230 луѓе се спасени од под урнатините, додека 380 лица се повредени во земјотресот.

Најмалку 11 лица загинаа во силниот земјотрес во Тајван
Најмалку 11 лица загинаа во силниот земјотрес во Тајван

Силниот земјотрес беше со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот на земјотресот е регистриран на 25 километри јужно од градот Јуджинг.