ФОТО: Најмалку 20 повредени во судирите во Косовска Митровица

Петмина се упасени, четири возила се запленети, а најмалку 20 лица се повредени во судирите меѓи демонстрантите и полицијата во протестите во Косовска Митровица.

Протсетите се огранизирани поради изградбата на „Паркот на мирот“ од страна на албанците од јужниот дел на Косовска Митровица.

Учесниците на протестот почнале да фрлаат со камења и шишиња кон припадниците на косовската полиција и ЕУЛЕКС, кои одговориле со употреба на солзавец и шок бомби.

„Билансот на протестите и судири во јужниот дел на Косовска Митровица се 13 повредени полицајци и шест повредени демонстранти“, изјави портпаролот на косовската полиција за јужниот дел на Митровица Авни Захити, додавајќи дека досега се уапсени пет лица.

Според приштинските медиуми во судирите меѓу полицијата и демонстрантите се повредени и двајца новинари. Директорот на Канцеларијата за Косово Марко Џуриќ најостро ги осуди протестите во јужниот дел на Косовска Митровица, истакнувајќи дека тие се насочени против мирот, соживотот и стабилизирањето на односите меѓу Србите и Албанците, соопшти Канцеларијата за Косово, јави Танјуг.

Претседателот на Косово Атифет Јахјага синоќа, по повод насилните протести, повика за изнаоѓање на мирно решение.
Во соопштението, Јахјага нагласува дека било какви обиди за решение со употреба на сила само ја заоструваат ситуацијата и пречат на процесот за нормализирање на ситуацијата во Косовоска Митровица и општините во северниот дел на Косово.

Владата на Косово соопшти дека барикадите на мостот на реката Ибар ќе бидат отстранети и слободата на движење ќе биде гарантирана според законите и Уставот на Косово и во согласност со Бриселскиот договор.

1

2

3

4

5

6