Македонија

ФОТО: Најпознатите странски медиуми известуваат за акцијата „Пуч“

ФОТО: Најпознатите странски медиуми известуваат за акцијата „Пуч“

Акцијата „Пуч“ во Македонија во која осомничен е и лидерот на СДСМ Зоран Заев не помина незабележано ниту во светски познатите медиуми, објави порталот Курир.

Ројтерс во насловот „Македонскиот опозициски лидер обвинет дека со заговор сака да ја преземе власта“ пренесува дека Заев ги негира обвинувањата, со изговор дека власта на овој начин се обидува да го спречи да ги објави доказите што ги поседува.

mediumi_2

„Груевски кој е на власт од 2006 година го обвини Заев дека со уцени сака да предизвика предвремени избори и сето тоа во соработка со разузнавачки агенции. Заев со месеци се закануваше дека ќе го објави она што го поседува и дека тоа е доказ за криминалните малверзации од страна на владата кои можат да им наштетат на меѓуетничките односи во Македонија“- пишува Ројтерс.

mediumi_3

Фокс Њуз веста за полициската акција во која четвртоосомничен е Зоран Заев кој воедно е единствениот кој не е уапсен објавува: Лидерот на македонската опозиција обвинет за организирање на државен удар, одземен му е пасошот

mediumi_4

Еј Би Си Њуз: Лидерот на македонската опозиција обвинет за организирање на државен удар

mediumi_5

„Лидерот на опозицијата во Македонија обвинет за организирање на државен удар“. Со овој наслов за случувањата во Македонија известува Вашингтон пост.

Хералд трибун: Лидерот на македонската опозиција обвинет за организирање на државен удар.

Дојче веле пишува: Лидерот на македонската опозиција обвинет за заговор за соборување на Владата.