ФОТО: Најстилизираната Иранка: Леила Јавари плени со шармот

Иако не ја гледаме многу често, Леила Јавари кога ќе се појави ги засенува сите трендсетерки со својот елегантен и префинет стил, кој освојува на прв поглед.

Прекрасната бринета го привлече вниманието и низ улиците на Лондон за време на модната недела.

Леила која е модна директорка на шопинг страницата stylebop.com има стил кој потсетува на жените во Франција.

leila1

Облечена најчесто во темни бои, Леила плени со својот шарм.

На модната недела во Лондон таа ја прошета реацијата на моментално најпознатиот млад дизајнер J.W. Anderson, во комбинација со ремен на модната куќа Chloe, а комплетниот изглед го заокружи со чизми од модната куќа Alexander McQueen и кожна плик чанта од истиот бренд.

leila2

Другиот изглед беше поопуштен. Имено, Леила се појави во фармерки, кошула, кои ги надогради со очила и торба, додека пак на нозете носеше балетанки.