ФОТО: Најстудените места на Земјата

Неиздржлив студ, мраз, рекордно ниски температури, вечна зима, ова се местата кои се прогласени за  најстудени на Земјата.

Според американските научници, кои ги искористија податоците од  сателит најстуденото место на Земјата е планинскиот венец на Антарктикот каде што на 10 август во 2010 година биле измерени рекордни -93,2 степени.  Експертите велат дека на таа температура човечките очи, носот и градите се замрзнуваат за само неколку минути. Но, ова не се смета за рекорд бидејќи температурата е измерена со помош на сателит.

Официјално, рекордот за најстудено место на Земјата го држи истражувачката станица Восток во Русија, лоцирана на висина од  3.488 метри. На 21 јули 1983 година таму биле измерени – 89,2 степени.

На Куполата Аргус сместена на Антарктичко плато на висина од 4.091 метар во јули 2005 година температурата паднала дури 82,5 степени под нулата.

Планината Мекинли на Алјаска важи за најстудената планина на планетата. Во зима живата на термометарот се спушта и 40 степени под нулата, а најниска измерена температура е -73,8 степени.

Ојмјакон и Верхојанск се градови во  Русија кои се прогласени за најстудените населени места.

Во Ојмјакон каде живеаат околу 500 лица измерени се -71,2 степени, додека во Верхојанск  1.434-те  жители се навикнати  да живеаат на температура од – 45 степени. Најниска измерена температура во Верхојанск е -69,8 степени. Тукашните жители успеале да најдат компромис со природата, па дури и станаа славни по големиот број долговечни луѓе. На должината на животот, веројатно, влијаат веќе познатите фактори: сосема чист воздух, совршено чиста вода, активен начин на живот и здрава исхрана. Тука луѓето најмногу јадат риба, коњско месо и млечни производи.

На Јужниот Пол, во Амудсен кој е населен од 1956 година истражувачка експепедиција има измерено рекордни -82 степени.

Во Македонија пак најниска температура е измерена во Берово на 27 јануари во далечната 1954 година кога живата се спушти дури  31,5 степени под нулата, додека пак во Битола на истиот ден се измерени минус 29,5 степени.