ФОТО: Најубавиот професор по математика

Дваесет и петгодишниот професор по математика на Колеџ Лондон, Пиетро Босели овие денови е вистински хит на социјалните мрежи, благодарејќи на неговиот ученик кој своето воодушевување од фактот дека математика му предава „најубавиот професор во светот“ го сподели на Фејсбук.

Инаку, Босели не е непознат во светот на модата и убавината – кога имал само шест години тој снимал за Џорџо Армани, а од тогаш покрај универзитетската, изгради и успешна кариера како фотомодел.

Фотографиите ги пронајде неговиот ученик, Ариеф Азли кој на Фејсбук покрај фотографиите на неговиот професор напиша:

– Оној момент кога ќе сфатиш дека твојот професор по математика е еден од најуспешните модели.