Магазин

ФОТО: Наместо на кочница притиснал на гас во Ферари

ФОТО: Наместо на кочница притиснал на гас во Ферари

Возач во гаража во Италија со ферари вредно околу 400.000 евра удрил во излог, откако претходно направил грешка, па наместо на кочница притиснал на гас.

Возачот возел редок модел автомобил, што од место на стоење може да забрза и до 96 километри на час за три секунди. Неговите сопственици холандски брачен пар учествувал на собирот на љубители на Ферари во Анцио, Рим. Нивниот хотел се наоѓал само на неколку метри од местото каде што се чувал автомобилот.

ferariiiii_2

Наместо полека да го однесе црвеното Ферари 599 ГТО во хотелот Екседра, преплашениот Роберто Цинти влетал во излог и целосно го искршил автомобилот.

– Се збунив, наместо на кочница притиснав на гас, изјавил во полицијата, пренесе весникот Кориере дела сера.

Тој поминал со полесни повреди и бил во шок по несреќата.

ferariiiii_3

Засега не се знае идентитетот на сопственикот на автомобилот, ниту неговата реакција што направил откако дознал за несреќата, која е предмет на истрага на осигурителната компанија.