ФОТО: Наместо во прва ставил во рикверц и слетал во река!

Возач од Врање наместо во рикверц тргнал напред и завршил во коритото Врањанската река. За среќа, возачот не е повреден, а автомобилот претрпел мала штета.

Очевидците кои во тоа време поминувале биле во шок, а кога возачот излегол од автомобилот без никакви повреди луѓето почнале да фотографираат и да се смејат.
– Поминував покрај горниот пазар и одеднаш слушнав тресок. Се свртев и видов автомобил кој буквално беше во Врањанска река, вели еден очевидец.
Во еден момент и на самиот возач ситуацијата му била смешна зашто поминувачите го задевале.
Како што објаснува, автомобилот бил паркиран со предниот дел покрај реката и кога сакал да искочи од паркингот, наместо во рикверц, ставил во брзина и тргнал напред.
Автомобилот со помош на сајли е извлечено од реката.