ФОТО: Направете и подарете мартинка за среќа

Подарете малку среќа, спакувана во мартинка, изработена од волница во црвено-бела боја според стaрата македонска традиција.

Мартинки се рачно изработени декорации, најчесто белегзии и брошеви, за кои се верува дека дека носат среќа и здравје. Освен во Македонија, на први март мартинки се подаруваат во Србија, Бугарија, Грција и Романија.

martinski9

Мартинките се подаруваат на Летник,  македонски народен празник, којшто се празнува секоја година на први март по стар календар и е поврзан со враќањето на птиците преселници од јужните краишта во Македонија. Овој празник всушност во народните верувања е празник за почеток на пролета односно летниот период, периодот на цутењето на пупките на дрвјата и почетокот на земјоделските работи. Токму затоа, Македонците ја сметаат Мартинката за знак на пролетта. Се прави  од црвена и бела боја, каде  црвената  ја симболизира крвта и љубовта, а белата асоцира на чистота и искреност.

martinski6

Мартинката се подарува на први март, а најчесто бабите им подаруваат на своите внуци. Мартинката се носи на левата рака или закачена на облеката сè додека расцвета првото дрво, или според верувања  додека не ја видите првата ластовичка или првиот штрк. Потоа се закачува на дрво со желби за здравје за себе и за добро здравје на своите најблиски.

martinski3

Овие интересни мартинки ги изработи 28-годишната Јелена од Скопје која вели дека оваа традиција и ја пренела баба и’, која ја научила да плете и хекла.

martinski10

Таа вели дека планира да направи многу мартинки и да им ги подари на своите најблиски пријатели. Како вљубеник во старите македонски занаети и традиици, таа вели дека и е жал што гледа како тие измумираат.

За оваа стара традиција, во Зборникот на браќата Миладиновци, познатите собирачи на македонски умотвори, е запишано дека мартинки правеле од бело и црвено:

martinski1

„Дента спроти Марта сучат црвено и бело предено со цело: и утрината го клавает на децата на грло, на р’це и ноѕе, за здравје. Тие се викает мартинки и со ним в Струга стретват ластовиците. Таја вечер преминуваат местата, к’де спавале до тога за да не ги јадат болви. Тој ден малите деца прават ластовица от дрво шикосано и пејет по к’штите: „Ластовица идеше, црно море пливаше.Во сиот месец не јадат зелје останато од понапрежниот ден”.

martinski4

Низ скопската чаршија, а веруваме и низ другите градови можат да се купат најразлични мартинки, но ако сакате да ја следите традиција, купете волница и изработете си сами.

martinski2

martinski8

martinski7

martinski5