Фото: Направија елка од 2.945 луѓе и влегоа во Гинис

Новогодишна елка која со своите тела ја направија 2.945 луѓе во главниот град на Хондурас е најголемата човечка елка во светот.

„Во име на Гинисовата книга на рекорди, задоволство ми е да ви соопштам дека народот во Хондурас го собори рекордот за најголема човечка елка во светот“, изјави Карлос Мартинес, претставник на Гинисовата книга.

Минатиот рекорд го држеше Тајланд каде минатата година 852 деца со своите тела направија елка.

honduras-jelka-ljudska-jelka-foto-profimedia-1417603803-595546