ФОТО: НАСА ја сликаше Северна Кореја – Тотален мрак!

Експертите често знаат да кажат дека Севернокорејците се чуваат во мрак, а според фотографијата на НАСА, тоа не само метафора, туку и реалност.

Тимот на Национална администрација за аеронаутика и вселена објавил фотографија од источна Азија снимена од вселената, која ги прикажува поголемиот број од државите осветлени со ноќни светилки. Единствен исклучок е Северна Кореја, која речиси целосно е во мрак.

North and South Korea from space. North Korea is barely visible at night.

Во споредба со соседните земји, Кина и Јужна Кореја, Северна Кореја изгледа како дел од морето. Фотографијата која ја направиле астронаутите на Меѓународната вселенска станица, укажува на тоа дека оваа изолирана држава има големи проблеми со електричната енергија.

Светла, во земјата каде што живеат повеќе од 24 милиони жители, се гледаат само во главниот град Пјонгјанг.

Градот од вселената изгледа како еден мал остров во океанот.