Свет

ФОТО: Не би сакале да сте во Јакутск, во моментов е – 50 степени!

ФОТО: Не би сакале да сте во Јакутск, во моментов е – 50 степени!

Ако мислевте дека во Скопје е студено, замислете како е да живеете во град каде просечна температура е -40 степени.

Во рускиот град Јакутск, вгнезден на Сибир, во последниве неколку дена се измерени рекордни – 53 степени.

Британски „Гардијан“ пишува дека Јакутск моментално е најстудениот град во светот.

A woman clamps a mitten to her face to protect it from the cold on a -53c day in 2013. In background a statue of Lenin presides over the central square of the city.

Овој леден град е одалечен околу 450 килиметри од поларниот круг, а околу 270.000 жители нормално функционираат на просечна температура до – 40 степени.  Но, и покрај овие, за нас екстремни температури, во Јакутск училиштата се затвораат само кога живата ќе се спушти на – 52 степени.

Зимата во овој крај трае осум месеци, а во лето, највисоката температура која е измерена е околу 25 степени, што значи дека има огромна разлика во температурите во годишните времиња.

Frost-encrusted house in the city centre.

Јакутск се наоѓа во руската република Јакутија и е познат како најстудениот град во светот. Во 19-тиот век градот расцветал по откривањето на злато и вредни минерали, вклучувајќи ги и дијамантите под замрзнатата земја, па дури 20 отсто од светското производство на дијаманти доаѓа токму од тука.

The broken landscape of Stalin's Kolyma Highway. Without a rail link to the city, the highway remains the only major land route into & out of Yakutsk. Also known as

Врската на градот со останатиот свет се аеродромот и реката Лена, по која во летните месеци минуваат траекти. Во зима, кога реката е замрзната, затворениците помагаат за претворање и во автопат, кој е главниот начин за транспорт.

Summer shoes waiting out the winter in a shed in the suburbs.

Најниска измерена температура во овој сибирски град е – 64 степени.

A Yakutian woman in the city centre. Steam from factories, cars and people creates a thick fog in winter which lingers through the coldest weeks. Yakutsk

Жителите во најстудениот град се занимаваат со одгледување зајаци, лисици и ирваси пред се’ поради  нивната кожа, од кои се произведуваат палта, капи, чевли и друга облека. Но,  се разбира најважниот лек за студот во Јакутск останува познатата руска вотка.

A local woman enters Preobrazhensky Cathedral in a swirl of freezing mist.